Loading Video...
Свет
29. July 2020 - 12:27

Вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“ ќе чини од 50 до 60 долари

Вакцината против коронавирус на американската компанија „Модерна“ ќе чини од 50 до 60 долари, објави Фајненшл тајмс. Германската Бионтех и американската Фејзер планираат на пазарот да излезат со пониска цена од околу 20тина долари. Инаку во САД почна  последната фаза на  клиничко тестирање, во кое учествуват над 30 000 доброволци. Во меѓувреме и Русија работи на вакцината. Тестирани се и првите волонтери и сите моментално се чувствуваат добро соопштија здравствените власти.

Германската влада најави од следната недела задолжителни корона тестови за сите кои во земјата влегуваат од  ризичните подрачја, меѓу кои се и земјите од Западен Балкан. Се планира тестовите најверојатно ќе бидат бесплатни.   Властите се особено загрижени поради ширење на вирусот со вракање на германските туристи кои престојуваат во земјите кои не се безбедни. Регистрирани се случаи на германски патници кои од Италија, Британија и Шпанија каде биле на одмор се вратиле заболени.

Турскиот парламент усвои закон за регулирање на содржините на социјалните мрежи. Критичарите тврдат дека со тоа  ќе се зголеми цензурата и ќе им се овозможи на властите да ги замолчат гласовите на опозицијата.

Законот предвидува  странските социјалните мрежи да имаат свои фуилијали во Турција кои согласно турските закони ке работата отстранување на спорниот материјал од интернет.