Вакцината на АстраЗенека со највеќе несакани ефекти
Австриската федерална служба за здравствена безбедност објави дека повеќето несакани ефекти на вакцините достапни во таа земја се предизвикани од вакцините на „АстраЗенека“. Оваа вакцина предизвикува несакани ефекти во 14,9 случаи на 1.000 вакцини.
Кај вакцините на „Бионтек-Фајзер“ несакани ефекти има кај 3,79 отсто од случаите, а кај Модерна кај 5,71 отсто.
Со вакцините на „АстраЗенека“ се вакцинирале 3.961 лице, а пријавени се 59 несакани ефекти. Повеќето изјавиле дека имале главоболка, треска, замор, болка на местото на убодот, болка во мускулите, гадење, треска.
Треската е пријавена како најчест несакан ефект.
Во неколку болници низ Австрија, медицинскиот персонал одбива да прими вакцина „АстраЗенека“, како поради несакани ефекти, така и поради наводен послаб ефект, пред сè против нови видови на коронавирус.
Ново на Сител
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион