Македонија
10. April 2021 - 19:57

Вакцинацијата и денеска тече во А1 Арената „Борис Трајковски“

Продолжува масовната имунизација. Салата „Борис Трајковски“ беше отворена во 8 часот изутрина, а се вакцинираа воспитувачките и негувателките од градинките. Ја примија првата доза Спутник, вакцини кои земјава ги доби како донација од Србија. Имунизацијата се одвиваше во најдобар ред.

Воспитувачките и негувателките кои ја примија првата доза, се надеваат дека на овој начин ќе се заштитат себе си, блиските, но и дечињата во градинките.

Имунизацијата тече и во останатите пунктови за вакцинација во земјава. Со АстраЗенека се вакцинира најризичната категорија на граѓани, лица постари од 76 години. До сега се вакцинираа медицинските лица, полициските службеници, армијата, пожарникарите и наставничките кои предаваат од прво до трето одделение.

Засега нема конкретна најава кога во земјава ќе пристигнат нови пратки вакцини за да процесот на имунизација тече непречено. Од владата најавија 300.000 до крајот на месецот но до овој момент без најава за точен датум.