Македонија
28. October 2016 - 13:05

Вакцинација против сезонски грип во Куманово

Во Центарот за јавно здравје Куманово почна имунизацијата против сезонски грип и според информациите на надлежните од оваа здравствена установа, досега, за два дена вакцина примиле околу 380 лица.

Набавени се илјада и четиристотини вакцини од холандски производител, информираат надлежните од Центарот.

- Ги повикуваме  лицата од ризичните групи како што се хронично болните, лица со белодробни заболувања,кардиоваскуларни заболувања, лица заболени од дијабет, со намален имунитет, навреме да се вакцинираат, изјави епидемилогот Јадранка Стаменковска.

Пред да ја примат вакцината на заинтересираните им се врши општ лекарски преглед.

- Лекраскиот преглед е задолжителен. Ако лицата имаат акутни инфективни заболувања тогаш имунзацијата се одолжува, објаснува доктор Стаменковска.

Вакцината чини 400 денари.Вакцината главно е  наменета за хронично болни лица, со намален имунитет и за здравствените работници, лица сместени во геријатриските  центри, лица вработени во јавни институции и установи.

Минатата година според надлежните од Центарот за јавно здравје вакцина примиле илјада и четиристотини граѓани, најголем процент од возрасната популација.