Македонија
5. November 2015 - 10:41

Вакцина против сезонски грип примиле 1.200 кумановци

Вакцина против сезонски грип примиле 1.200 кумановци, информираа од Центарот за јавно здравје Куманово.

Најчесто се вакцинираат лица од ризичните гупи, повозрасните, хронично болните, заболените од дијабетес, од кардиоваскуларни заболувања и лица со намален имунитет.

Доктор Предраг Георигиевски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Куманово апелираше до оние кои се уште не се вакцинирани, навреме да ја примат вакцината.

Годинава, Центарот за јавно здравје Куманово набави 2.000 вакцини од кои 300 се дистрибуирани до подрачните служби во Крива Паланка и Кратово.