Свет
16. January 2019 - 20:33

Вака изгледа кога ќе стегне вистинска руска зима: Температура од -50, надвор не се изглегува без посебна облека, од магла прст пред око не се гледа

Температура помиска од минус 50 степени Целзиусови е измерена во 12 области од рускиот регион Јакутија, соопшти регионалната метеоролошка канцеларија на својата веб страница.

Училиштата потполно или делумно се затворени во некои подрачја, а службите за вонредни ситуација се во приправна состојба.

Во местото Уст-Нера, во областа Ојмјакон, температурата падна на минус 55 степени Целзиусови, заедно со густа магла и речиси нулта видливост.

Областа Ојмјакон се смета за центар на студенилото во кое пред 80 години е измерена температура од минус 71,2 степени.

„На ваква температура децата не одат на училиште, но за да не заостанат со лекциите тие учат од дома и ги решаваат задачите што им ги задава наставник. Обврзувачка е посебна облека која се состои од крзнени напи, бунди и чизми од крзно на ирвас“, велат во локалната самоуправа.

Лекарите препорачуваат и вака ниските температури да не се излегува надвор зошто силното студенило е посебно лошо за респираторните органи.