Свет
30. May 2018 - 13:24

Вака белгиската полиција го изрешета убиецот: Бенјамин (36) уби тројца само ден по излегувањето од затвор!

Напаѓачот кој вчера пукаше во градот Лијеж и уби три лица, идентификуван е како Бенјамин Херман (36), а се утврди дека само ден претходно е пуштен од затвор, наведоа белгиските медиуми.

Херман издржувал повеќе затворски казни, но не бил познат по радикализмот, додека другите затвореници го опишуваат како „насилна личност на маргините“, пренесува весникот Либр Белжик.

Истражителите моментално испитуваат дали Херман се  радикализирал во затворот, што е чест случај.

Погледнете го моментот кога е погоден убиецот:

По вчерашното пукање во Лиеж, белгискиот Совет за национална безбедност денеска ќе одржи итна седница.

Во меѓувреме, белгиското обвинтиелство денешното убиство на двајца полицајци и случајниот минувач во Лиеж го оцени како терористички инцидент, соопшти локалниот јавен обвинител, прецизирајќи дека се убиени две жени полицајки.

Напаѓачот ги нападнал од грб со нож, при што на едната и го зел пиштолот и потоа ги убил.

Го убил и момчето што седело во паркиран автомобил, а потоа се обидел да се сокрие во блиското училиште каде во престрелка со полициајта е убиен.

Во текот на престрелката се ранети и неколку полицајци.

Градските власти на Твитер објавија дека „учениците во училиштето се безбедни“.

Напаѓачот е идентификуван како 36-годишен Белгијанец кој до вчера била на условна казна по пуштањето од затвор во близина на Лиеж, градот во близина на границата со Германија и Холандија.

Во затвор бил поради кривично дело поврзано со дрога и окарактеризиран е како „нестабилна личност’“.

Набрзо по нападот властите соопштија дека тероризмот не може да се исклучи како мотив за нападот. Повикувајќи се на полициски извори, Либр Белжик објави дека напаѓачот извикал „Алаху Акбар“.

Во еден момент, напаѓачот како заложник зел една жена, додава весникот, а одредени британски портали објавија дека во едно блиско училиште, како заложник зел една чистачка, но нема потврда за тоа.