Македонија
12. November 2018 - 9:27

В сабота во Скопје Шеста годишна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи

егулатива за судски превод во Република Македонија, приказ на правосудниот систем во земјата, улогата на судскиот толкувач во судница, пренесување на туѓите имиња на кирилица и на македонските имиња на латиница, се дел од темите на Шестата годишна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија што ќе се одржи во сабота во Скопје.

На конференцијата ќе се зборува и за регионалните активности на Здружението за изработка на повеќејазичен поимник на правни термини во соработка со другите здруженија во регионот, но и за моменталните состојби со судскиот превод во државата.

Конференцијата ќе започне со воведно обраќање од претседателката на ЗПРМ Огнена Никуљски, а ќе продолжи со неколку излагања од видни стручњаци во областа на судскиот превод и толкување во судница, како и гости од Словенија и Србија кои ќе споделат информации за состојбите во регионот.