Ужасно невреме во Србија: Неколку повредени, ветрот корнеше дрвја, има огромни штети
Вчера попладне централните делови на Србија беа зафатени од незапаметено невреме со град, дожд и силен ветар. Има и повредени лица.
Ветрот корнел дрвја и ќерамиди од покривите, а еден човек во Крушевац е повреден кога му паднала ќерамида на глава.
Ветрот бил толку силен што од корен корнел не само млади, туку и постари голeми дрвја. Направена е и штета на возилата, врз кои паѓале дрвја. Штета има и на земјоделските култури, особено во деловите каде паѓал град со големина на топче за голф.
Голема штета претрпеа и учесниците на Четвртиот меѓународен балон-фестивал, кој требаше да започне во Багдала, во Крушевац во 18 часот, а поради невремето, концерт на групата Хари Мата Хари бил одложен.
Според метеоролошката станица, ветерот дувал со брзина од 32 метри во секунда, или 115 километри на час, а за 40 минути, во областа на Крушевац нацврнале 50 литри дожд на метар квадратен.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози