Балкан
8. February 2017 - 9:16

Ужасни детали за трагедијата: И донел цвеќе, а потоа ја избодел пред нејзината мајка

Милош Чодановиќ (28) е уапсен под сомнение дека вчера утро ја избодел со нож до смрт својата поранешна сопруга Моника Икотиќ (43) во куќата на нејзината мајка Јулијана.

Мајката на Монија, Јулијана е повредена додека се обидувала да ја спаси ќерката. Со ножот со кој нејзината ќерка здоби смртни повреди, повредена е и мајката, која се здобила со исеченица на прстот од левата рака.

Трагедијата во куќата на мајката на Моника, Јулијана и очувот Борош Лукач се случила утрото кога Милош како и претходните денови навратил да ја види Моника.

Никој од семејството не насетувал во тие моменти дека ќе се случи ужас, дека две деца ќе останат без мајка, мајката без ќерка, а Милош без жената која ја сакал.

Имено, Милош влегол во нивната куќата и отишол во кујната каде со кафе и пијалок го послужина Монија. Милош и донел цвеќе. Ништо не навестувало на трагедија.

-Не помина долго време, слушнав врескање. Влегов во кујната и почнав да го влечам Милош за капутот. Не успеав, а тој како да полуде и не престануваше да ја ранува со ножот. И мене ме пресече на прстот додека го влечев назад. Крв имаше насекаде, не знаев што се случува, што направил што имаше толку крв.

Очувот на Монија Борош Лукач вели дека не насетиле зло, зошто Милош постојано доаѓал кај нив и го знаеле како успешен спортист.

-Милош го фалеа сите. Поради спортот беше гордост на Суботица, рече Јулија/

Милош и Моника биле во брак 3 години.

- Се разделуваа и повторно продолжуваа. Не се мешавме, зошто мислевме дека сепак љубов е во прашање. Моника работеше во фабриката Континентал. Немаа заедничко дете. Моника има ќерка (17) и син (19) од првиот брак. Одлични ученици се. Моника и Милош живееја малку кај нас. Почнаа некои недоразбирањеа минатата година и отидоа под кирија. Потоа се разведоа, додаде Јулијана.

Таа додава дека Милош понекогаш бил агресивен, кога малку ќе се напиел, но не можела да насети каква несреќа ќе се случи.

-Ова не можев да го насетам, донесе цвеќе, изгледаше како да сака да се смири. Кога го послужи со каде, извлече нож од фиоката и почна да ја повредува. Не успеав да му го земам ножто. Потоа истрчав од дома и повикав брза помош, вели низ солзи мајката на Моника.

Пријателите на Милош имаат само пофални зборови за него и велат дека не знаат како пукнало, да направи така неразумен чин.

-Беше фрлач на ѓуле, успешен. Делуваше позитивно беше државен и покраински прват во атлетската дисциплина фрлање на ѓуле, велат неговите пријатели.

Итната помош се обидела да ја реанимира Моника, но и по 20 минути борба во болнциата во Суботица не можеа да ја спасат.

Од болницата е соопштено дека жртвата имала убоди под вратот до рбетниот столб, и повеќе убоди по рацете и починала.

Суботичката полиција го уапси 28-годишниот Милош Чодановиќ под сомнение дека извршил кривично дело убиство, а по 48 часа тој ќе иде изведен пред виш јавен обвинител.

Два дена пред трагедијата, Милош на Фејсбук го смени профилот, стави слика од венчавката и напиша неколку проштални реченици, кои пријателите ги протолкуваа како моментален излив на емоции, зошто знаеја за неговата љубов кон Моника.

Што непосредно беше причина за да нанесе смртни рани, не се знае, но Милош напиша на Фејсбук: Сите големи љубови имаат тажен крај, па и мојата, нема да бидам повеќе со вас, само да биде среќна Моника Икотиќ, збогум...Ги молам најдобрите другари да не пуштаат солзи на мојот гроб, со песна да ме испратат, напиша Чодановиќ ноќта пред страшната трагедија.