Балкан
21. December 2017 - 19:20

Ужасна трагедија: Никола (8) се враќал од училиште кога на него налетал автомобил, загина на самото место

Никола Б. (8) претрчувал преку улица, кога на него налетал автомобил управуван од Н.Ч (26) и му нанел тешки повреди од кои детето набрзо починало.

Никола (8) од Бечмен кај Белград загина вчера откако беше удрен од возачот Н.Ч. кој управувал „фолксфаген поло“.

Детето кое се здобило со тешки повреди починало на место, а возачот е приведен во полиција.

Несреќата се случила во главната улица во Бечмен во 11.40 часот.

Летал неколку метри

Несреќното дете, кое е ученик во трето одделение, се враќало од училиште и излеголо од автобусот на линијата 604, па се обидело да помине улица на местото каде некогаш имало пешачки премин, но е тргнат поради работа на патот.

-Никола веројано сакал да оди во продавница, што почнал да ја претрчува учицата, зошто неговата куќа се наоѓа на истата страна како и автобуската постојка. Тој не го видел автомобилот, а очигледно ниту Н.Ч. не го видел него, па го удрил, вели извор..

Од силината на ударот, детето летало неколку метри и паднало на грб.

-Н.Ч. веднаш закочил, излетал од возилото и почнал да вика и да довикува помош. Му пришол на детето и се обидувал да му помогне, буквално бил надвор од себе. Очевидци раскажуваат дека детето некое време давало знаци на живот, но починало пред доаѓањето на итната помош, вели соговорник.

Лекарите кои дојдоа на местото на несреќата половина час се обидуваа да го реанимираат детето, но за жал без успех.

-Возачот цело време стоеше тука и лелекаше. Тој е алкотестиран и утврдено е дека немал алкогол во крвта. Инаку, тој се движел од правен на Петровчиќ кон Бечмен, вели изворот.

Му починала бабата 

Соседите на Никола Б. за детето имале само пофални зборови.

-Родителите му се разведени и во Бечмен живее со таткото, сестрата и дедото. Ова е втора трагедија во семејството, зошто неодамна му почина бабата. Многу ни е жал, Никола беше дете за пример, секогаш насмеан, добар ученик. Страшно, раскажуваат соседите.

Во куќата каде живеело детето бил и неговиот вујко.

-Во шок сме, не можеме ништо да кажеме, страшна трагедија ни се случи. Сега го подоготвуваме погребот на нашиот Никола, рече вујкото на детето, кој примаше сочуство од роднините, пријателите и соседите.