Живот
20. February 2017 - 16:21

Ужасна судбина: Татко и син загинаа во директен судар

Татко (50) и син (22) загинале во директен судар, а ситуацијата да биде уште пострашна, автомобилите кои се судриле ги возеле токму тие двајца.

Foto: Facebook/Kristy Nelson

Несреќата се случила во округот Фајет во Алабама, а официјалните лица сметаат дека нејверојатно причина за смртта е алкохолизираната состојба на возачите.

Во таа прилика Фордот пикап во кој се наоѓал таткото, удрил во Шевролетот на својот син.

Ниеден од возачите не носел појас.

Таткото Џефри Морис Брашер и неговиот син Остин Блеин Брашер живее заедно во Бенкстон близу Бирмингем.
 
Таткото е пронајден мртов на своето место додека лекарите се бореле за животот на синот, но и тој набрзо починал.