Живот
30. December 2018 - 14:57

Ужасна снимка: Комбе се заби во автомобил со бебе, среќа во несреќа е што никој не настрада

Камера поставена во автомобил го сними ужасниот момент на директен судар со комбе.

Возачот на комбето загубил контрола над возилото кое се излизга на патот и удри во автомобил.

Луиз Томсон се возела со својот партнер Грант и нивната тригодишна ќерка во близина на Перт во Шкотска кога наеднаш им се приближило комбе од десната страна, но тогаш веќе преминало во нивната лента и удрило директно во нив.

Среќа во несреќа е што никој не е повреден, а Луиз потоа ја објавила снимката на Фејсбук и напиша: Ова не е бап најдобар начин да ја поминеш неделата пред Божиќ“.

Додаде и дека се се случило неверојатно брзо и дека нивната ќерка за сето време блажено спиела во своето седиште на задното седиште од автомобилот.