Македонија
15. November 2015 - 12:42

Ужасна смрт: Во Лозово бик набоде селанец на рогови

Вчера околу 17 часот во на месноста викана Ливади атар,  на с.Дорфулија општина Лозово, додека Ѓорѓи М.(46) од истото село го напасувал своето стадо говеда, го нападнал бик нанесувајќи му тешки телесни повреди со роговите во пределот на стомакот и по целото тело, по што истиот починал на самото место. Извршен е увид од страна на увидна екипа од Полициска станица Свети Николе, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.