Свет
23. July 2019 - 15:03

Ужасна несреќа во Русија: Во пожар загинаа 4 деца, а 12 се повредени - огнот проголта камп во кој престојуваа 189 деца

Четири деца загинаа, а најмалку 12 лица се повредени во пожар во камп во Хабаровскиот крај во Русија.

Во пожарот што синоќа изби на територијата на скијачкиот комплекс „Холдоми“ - од 26 шатори, изгореа 20. Во кампот престојувале околу 189 деца на возраст од 7 до 15 години.

Од министерството додаваат дека пет возрасни се на болничко лекување, додека шест деца исто така се хоспитализирани. Едно дете е пуштено од болница.

 
Во несреќата загинаа четири лица, три девојчиња и едно момче. На самото место дошле девет единици за спасување.
 

Прво настрадало девојче кое за неколку часа требаше да го прослави својот 11. роденден. Три деца со часови беа во кома, пред да им подлегнат на повредите. Според пишувањето на Раша Тудеј тие се здобиле со тешки изгореници по целото тело.

Еден од најтешко повредените бил Арсени кој на другите им помагал да побегнат од огнот. Локалните медиуми велат дека детето се покажало како вистински херој и дека неколку девојчиња ги донел на сигурно, но дека за жал починал во болница.

Според прелиминарните информации - причината за несреќата би можела да биде запален грејач.

Истражниот комитет покрена истрага, а според првичните информации кампот не ги имал сите потребни дозволи. Властите од Хабаровскиот крај прогласија тродневна жалост поради несреќата.