Живот
12. May 2017 - 15:40

Ужасен тренд во сексот кој е опасен како силување: Запознала момче преку Тиндер и поминала низ пекол

Кога Синди (30) отишла на прв состанок со момче кое го запознала преку Тиндер очекувала забавна вечер, но поминала низ пекол.

За време на сексот го извади кондомот, а тоа не ми го кажа - раскажува Синди за Њујорк Пост.

Неколку секунди потоа сфатила што направило момчето, но била премногу уплашена за да каже било што.

- Не смеев да кажам ништо бидејќи беше постар. Се чуствував ужасно бидејќи викнав некој во спалната да споделиме инитмен момент, а тој направи нешто ужасно без моја дозвола - вели Синди.

Мажите кои го подржуваат овој тренд се оправдуваат со зборовите дека тоа е нивно право да го шират своето семе и дека е во прашање прiрпден импулс. Сепак, кога Синди проговорила на својот партнер за она што го направил добила неочекувана реакција.

- Зошто си толку возбудена? Знам дека си ти чиста и здрава, а и јас сум. На кого му е гајле за тоа што го извадив кондомот! - бил неговиот одговор.

Покрај тоа што вадењето на кондомот за време на секс го зголемува ризикот од добивање сексуални преносливи болести и несакана бременост, жртвите патат и од постраумски стрес - се заклучува во текстот на Њујорк Пост.