Живот
1. September 2016 - 11:23

Ужас во хотел: Цела ноќ спиеле со распаднат труп под душекот

Двајца гости во тајланското летувалиште се пожалиле дека им смрди во собата. Сепак, се сложиле тука да преспијат. Следното утро чистачката исто така ја осетила ужасната смрдеа и видела крв во близина на креветот.

Ги повикала и останатите работници во хотелот кои ја пребарале собата и нашле труп под душекот. Полициајта тврди дека станува збор за транссексуалка со име Амфон Конгсонг (28).

Полицијата уапси двајца тинејџери на возраст од 17 и 14 години кои го признаа убиството. Момчето (17) жената ја запознал на Фејсбук која себе и момчињата ги пријавила во хотелот.

Таму поминале неколку ноќи, а потоа се скарале зошто 17-годишното момче ги одбило нејзините настојувања. Ја задавил, а 140годишното момче му помогнало да го скрие телото.