Свет
31. October 2016 - 14:35

УЖАС: Пронајдени три безживотни тела и неповредено бебе

Трупови на двајца мажи и една жена пред куќата во Канзас ги забележал возач, а полицијата потоа во куќата пронајде и 18-месечно бебе.

Американските власти соопштија дека се пронајдени тела на три лица пред куќа недалеку од местото Хестон во областа Харви во државата Канзас.

Полицијата наведува дека во куќата пронашле неповредено 18-месечно бебе.

Случајот во полицијата го пријавил возач на автомобил кој ги забележал телата на приодот кон куќата.

Од полицијата велат дека убиствата се случиле еден ден пред тоа. Засега не е познато дали убиените се во крвно сродство.