Живот
19. November 2019 - 22:28

Ужас: Оси - убијци усмртија три лица од Кина, нападнати додека се враќале од погреб

Оси убијци нападнале 8 луѓе кои се враќале од погреб во Кина, а тројца починале од убодите на овие инсекти.

Петмина се здобиле со сериозни повреди. Инаку, сите нападнати се од исто семејство, а оделе на погреб на еден роднина во регионот Гуангкси Зуанг.

Групата се движела пеш кога дошло до агресивен напад во близина на селото Тангду, пренесува Ајша вајр.

На застрашувачките снимки се прикажани двајца преживеани кои лежат на земја и се виткаат од болки, додека медицинскиот персонал се обидува да им помогне.

Стотина убоди можат да се видат по рацете, лицето и телото на еден маж кој заглавил на лекување. Исто така може да се слушнат и болните извици на еден од нив.

Во меѓувреме, локалната противпожарна служба и експертите за шумарство пронајдоа осило и го отстранија од самото место.