Свет
25. August 2019 - 21:19

Ужас на голф терен: Гром удри во дрво под кое стоеја десетина лица, шестмина завршија во болница

Во текот на голем голф турнир од серијата ПГА во Атланта се случи несекојдневна несреќа.

Најмалку шест лица завршија во болница со повреди бидејќи се наоѓале во близина на дрво во кое удрил гром.

Моментот на ударот е забележан со камера, па јасно се гледа моментот кога удира молња, кога го спржила дрвото и ги турка несреќните луѓе.

Турнирот истиот момент е прекинат.