Свет
6. January 2017 - 13:46

Ужас на автопат: Се судрија автобус и камион

Најмалку 11 лица се повредени од кои една потешко во судар на патнички автобус и камион со багаж на аеродромот во Франкфурт.

Операторот на аеродромот потврди дека дошло до несреќа но дека се уште не се познати деталните информации.

Во автобусот се повредени 9 лица, а со тешки повреди поминал возачот на камионот.

Колку ситуацијата е сериозна, се уште не е познато, а полицијата и Итната помош се на терен.