УЖАС: Ги заклучувале тригодишните близначиња во дрвен кафез додека се на работа
Тригодишни близначиња биле најдени од полицијата во дрвен кафез, каде ги оставале родителите додека се на работа.
Во кафезот направен од штици немало ниту играчки или перниче за да има каде да седнат тригодишните момчиња. Тие биле разделени со преграда за да не може да се допираат. Полицијата добила анонимен повик и влегла во куќа во местото Апарецидина, во бразилската држава Еспирито Санто. Дечињата биле заклучени со синџир на вратата од кафезот и со катанец.
Децата им биле одземени на родителите и биле сместени во прифатилиште. Родителите, откако биле приведени, се правдале во полициската станица дека имале многу работа во полето и морале да ги чуваат децата врзани. Тие се обвинети за малтретирање на сопствените деца.
Шефот на полицијата Сонимаркос изјави:
-Родителите, кои се фармери, ни рекоа дека ги чувале момчињата во дрвената кутија за да може да ги извршуваат работите дома и во полето.
На телата на децата немало знаци на физичко насилство.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација