Македонија
15. September 2019 - 16:43

Утврдена динамиката за уривање на дивоградбите во Охрид

Зад затворени врати без присуство на медиумите се координира акцијата за рушење на довоградбите во Охрид.

Градоначалникот Герогиески денеска на средбата со министерот за внатрешни работи Спасовски и министерот без ресор Адеми договориле дека при крај се се подготовките за уривање на дивоизградени објекти опфатени во регистарот кој беше изготвен според препораките од состанокот на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Од локалната преку соопштение потенцираа дека според динамичниот план паралелно ќе се рушат дивоградбите кој што се во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти во охридското подрачје.

На почетокот,ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки. Акцентот, ќе биде ставен на активните дивоградби и објектите во НП „Галичица“ и крајбрежјето.

Градоначалник  Георгиески пред само неколку дена најави дека направен е прогрес во исполнување на препораките на УНЕСКО.

Oд општина Охрид велат дека  во активностите за справувањето со нелегално изградените објекти ќе бидат поддржани од надлежните државни институции, и ќе се одвиваат со постојана меѓусебна координација.