Македонија
31. October 2015 - 8:19

Утрово температури под нулата, попладне потопло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од  минус два до три, а дневната од 14 до 17 степени.

Во Скопје слично време со температура од три до 16 степени.