Македонија
16. December 2022 - 16:10

Утрово дојава за бомба и во градинка во Скопје

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека денеска имало дојава за бомба во еден од клоновите на детската градинка „11 Октомври” поточно во централниот клон во Скопје Север.

- Целосно и брзо е спроведен протоколот за евакуација и сите дечиња се на безбедно во придружба на нивните воспитувачки и негувателки. Истовремено известени се и родителите. Веднаш по пристигнатата информација разговарав со надлежните од МВР и преземени се сите безбедносни мерки, објави Костовски.

Тој апелира до граѓаните за смиреност и почитување на сите безбедности протоколи и нагласува дека Општината е во постојана комуникација со сите засегнати страни и надлежни институции.