Македонија
21. јуни 2020 - 13:50

Утринава пронајден велешанец мртов во село Војница

На 21.06.2020 околу 06:45 часот во СВР Велес, С.Т. од с.Војница пријавил дека во трло во негова сопственост на место викано,,Клетовник’’ во атар на с.Војница го пронашол без знаци на живот.

Љ.П.(64) од с.Забрчани, Општина Долнени, кој работел кај него како овчар. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги од насилство.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина-Скопје.