Свет
2. December 2016 - 9:22

Утринава многу земјотреси - Еве каде се тресеше тлото

Од вчера до утринава, многу земјотреси се регистрирани на Балканот, а воедно и во Европа. Веќе со месеци серијата потреси никако да запрат, дури и на одредени предели се засилуваат. Само последниве неколку месеци имаше разорни и катастрофални потреси во повеќе делови од светот, во Италија, Нов Зеланд, како и Фукушима.
 
Денеска се тресат Италија и Турција, а од вчера до денеска се регистрирани и повеќе потреси во Грција. 
 
Неколку земјотреси од доцна синоќа до сега се регистрирани и во Кипар.
 
Вчера беше почувствува потрес и во Македонија, од Грција, со јачина од 2,9 степени по Рихтер.
 
Се надеваме потресите ќе запрат и сите ќе имаат мирни денови.