Loading Video...
Ракомет
19. July 2018 - 15:23

Утре во Скопје започнува ЕП дивизија 2 за ракометари до 20 години

Од утре до 29 јули во Скопје ќе се одржуваат натпреварите од ЕП дивизија Б за ракометари до 20 години 
 
Младата репрезентација на Македонија е домаќин на еден од двата турнири во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 20 години. 
 
Ракометарите кои се на списокот на селекторот Данило Брестовац одработеа добри подготовки, надополнети и со два контролни натпревари. Меѓу нив има и дел од ракометарите кои лани играа на Светското првенство во Алжир каде го освоија 6. Место, а поголем дел и од кадетската селекција. 
 
„Во Алжир дел од момците беа во ротација со оние кои беа носители. Имаме и  дел од кадетската репрезентација. Искуството од тој настап ќе биде драгоцено и ќе значи многу. Ако ова го гледаме како една предност, втората ќе биде што играме на домашен терен. Трета предност е што дел од играчите кои се носители покрај тоа што беа во Алжир играат во Металург играа СЕХА лига, а имаат минутажа и во Лигата на шампионите“, изјави селекторот Брестовац. 
 
Противници на црвено-жолтите во Б групата, редоследон се: Велика Британија, Италија, Швајцарија и Украина, преку кои ќе се брка едно од двете места кои водат во полуфиналето, за кое од А групата ќе се борат Белорусија, Финска, Грција, Естонија, Литванија и Фарските Острови. 
 
Целта е да се биде најдобар во оваа конкуренција, бидејќи само победникот на овој турнир, како и вториот кој се игра во Црна Гора, ќе обезбедат пласман во „елитната“ дивизија А. 
 
Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“, а почетокот на мечот меѓу Македонија и Велика Британија е закажан од 20 часот. 
 
Распоред на натпревари на македонската репрезентација 
 
20.07./петок                20:00  МАКЕДОНИЈА – В. Британија 
23.07./понеделник     18:00  МАКЕДОНИЈА – Италија 
24.07./вторник            20:00  МАКЕДОНИЈА – Швајцарија 
26.07./четврток          18:00  МАКЕДОНИЈА – Украина