Loading Video...
Ракомет
28. February 2020 - 14:53

Утре во Скопје, дуел на шампионите од последните три сезони Вардар – Монпеље

Ракометарите на Вардар утре ќе го играат последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, а го пречекуваат францускиот Монпеље. 
 
Победа над францускиот тим, под услов и Порто да загуби на гостувањето кај Мешков Брест ќе му донесе на Вардар полесен противник во осминафиналето. 
 
Но, најнапред ќе треба да се добие Монпеље, кој според вардарци ќе ја има улогата на фаворит во утрешниот меч.
 
„Поради ситуација во која се наоѓа клубот и поради неколкуте повредени играчи, Монпеље е фаворит на овој меч, но тоа не значи дека ние влегуваме со бело знаме. Ќе го дадеме нашиот максимум , мотивација не недостига и ќе се обидеме да дојдеме до добар резултат. Ние сме домаќини и европски шампиони, но ситуацијата во која се наоѓаме оставаат резерва кај мене да не бидам оптимист пред натпреварот“, изјави тренерот на вардарци Стефче Алушовски.
 
Утрешниот натпревар меѓу Вардар – Монпеље ќе започне од 17 часот и 30 минути е дуел на екипите кои во последните три години ја освојуваа Лигата на шампионите и тоа вардарци во 2017 и 2019, а Монпеље 2018-тата откако во полуфиналето го победи токму Вардар.