Фудбал
3. August 2018 - 17:37

Утре во Кратово дуел на шампиони

Љубителите на фудбалот  во  Кратово и околината утре, сабота  можат да проследат пријателски дуел на некогашните шампиони на Македонија Силекс и Вардар.
Пресметката помеѓу големите ривали секогаш била следена со внимание а овојпат ќе може да се видат и тимовите со кои овие два клуба ќе настапат на стартот од сезоната која започнува следниот викенд.
Натпреварот се игра со почеток во 17.30ч.