Loading Video...
Фудбал
10. August 2018 - 18:35

Утре стартува домашниот фубалски шампионат

Утре стартува 27. Фудбалско првенство на Македонија. Титулата ја брани екипата на Шкендија  а нови членови на елитата се Беласица и Македонија Ѓорче Петров. Се очекува интересна битка за врвот но и за опстанок.

                Фаворит број еден според секако е шампионот Шкендија  која  успеа да  ја  задржи екипата што доминираше  минатата сезона во домашниот фудбал а игра успешно и на меѓународната сцена.

            Веднаш тука е и  нашиот најтрофеен клуб Вардар кој направи многу промени во тимот  и затоа фановите на црвено-црните немаат јасна слика за потенцијалот на црвено-црните.  Првиот пресек се очекува по дербито со Шкендија во Тетово уште во првото коло.

            Исто како и Вардар и градскиот ривал Работнички направи големи рокади во тимот.  Според изјавата на искусниот стратег Ѓоре Јовановски овој тим е посилен од ланскиот кој обезбеди учество во Лига Европа.

            Своите шампионски амбиции не ги крие и Шкупи екипа која успеа да го засили ростерот и имаше солиден настап во Лига Европа.  Спој на искусни домашни играчи и интернационалци.

            И  Силекс е со подновен тим со 12 нови играчи во новата сезона. Жикица Тасевски првиот стратег на кратовчани изјави дека Силекс е клуб со амбиции и така ќе биде и оваа сезона,место во фудбалска Европа.

            Ова е петорката од врвот од минатата сезона. Се очекува останатите  екипи да се борат за опстанок. Тука е  стабилниот прволигаш Ренова, потоа Академија Пандев, Победа, Македонија Ѓорче Петров и Беласица.   И оваа сезона ќе се игра четирикружен систем со 36 кола.