Loading Video...
Спорт плус
24. August 2018 - 19:06

Утре се плива 32. Охридски маратон

Утре, сабота точно во 12 часот ќе стартува традиционалниот Охридски пливачки маратон на кој годинава ќе настапат  солидни 30 натпреварувачи која според организаторот е бројка на учесници која одамна не е достигната. 
На 32-то издание на маратонот за првпат ќе се плива делница во должина од 25 километри од Свети Наум до Охрид односно 5 километри помалку од претходните години  со цел Охридскиот пливачки маратон да влезе во програмата на светската, европската и олимписката пливачка елита.
Покрај солидната бројка на учесници се очекува и квалитетна маратонска трка  и настап на најдобрите тројца пливачи од ланското издание.  Победата ќе ја брани Германецот Александар Стуџински во машка конкуренција и Барбара Позобон од Италија. 
Броите на Македонија ќе ги бранат Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски кои заедно со останатите учесници ќе се борат за парична награда од 15. 000 евра. 
Името на патеката останува Климе Савин.