Кошарка
17. September 2022 - 19:50

Утре се играат завршните натпревари на ЕП во кошарка

Ново изненадување на кошаркарите на Шпанија на ЕП  во  Германија. Со победа над домаќинот од 96-91 дојдоа до ново финале каде ќе играат против големиот ривал Франција. 
Германците играа добро во поголемиот дел од средбата но  беа запрени во последната четвртина кога црвената фурија го блокира  ефикасниот Денис Шредер кој постигна вкупно 30 поени. 
Кај  Шпанија централна фигура беше Лоренцо Браун со 29 поени.