Македонија
25. February 2021 - 17:13

Утре протест за случајот „Монструм“ во Скопје - ќе бидат блокирани повеќе улици

Повеќе улици во главниот град утре ќе бидат затворени за сообраќај поради најавен протест за случајот „Монструм“ со почеток од 13 часот.

На 26.02.2021 (петок) со почеток во 13 часот ќе се одржи најавен јавен протест којшто ќе започне во парк Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев“,  Собрание на Република Македонија на ул. „11-ти Октомври“ и Влада на Република Македонија на бул. „Илинден“. Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:

ул.„Х.Т.Карпош“,ул. „Џон Кенеди“,  ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „ Гоце Делчев“,  ул. ,,11-ти Октомври“,  ул. „Васил Главинов“, бул.„ ВМРО“,  бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.