Македонија
29. March 2023 - 16:44

Утре протест на здравствените работници за повисоки плати

Втор протест во еден месец за поголеми плати на здравствените работници во целата држава. Членовите на двата најголеми синдикати во здарвството , гранковиот при ССМ и на Клинички, револтот за игнорантскиот однос од министерството и фондот ќе ќе го искажат утре во 5 до 12 пред зградата каде се наоѓа кабинетот на Фатмир Меџити. На ваков чекор се одлучија откако изминатиот период и покрај состаноците и ветувањата, властите не ги исполнија нивните барања и не најдоа начин да го потпишат анексот на колективниот договор со кој се предвидува зголемување на месечните примања по 2000 за лекарите до 3000 денари за сестрите и другиот среден кадар, кој со покачувањето на минималната плата се изедначија со хигиеничарките.

-Ние веќе 6 месеци чекаме на потпишување на тој анекс, сите рокови се пробиени, членството е максимално револтирано и не можеме да седиме со скрстени раце, изјави д-р Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот на клинички.

Зошто не се потпишува договорот, од министерството за здравство не добивме одговор.

И од двата Синдикати кои утре ќе протестираат потенцираат дека нема да има застој во давањето здравствени услуги на пациентите.

Доколку и по утрешниот протест не се потпише договорот за повисоки плати, не се исклучува наскоро да има и генерален штрајк во јавното здравство.