Македонија
11. April 2017 - 13:37

Утре пренасочување на сообраќајот кај Кадрифаково

Сообраќајот на патниот правец Свети Николе - Штип утре (12.04.2017) ќе биде пренасочен на делницата од клучка кај село кадрифаково од регионалниот пат 526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми по новоизградената коловозна лента.

Пренасочувањето ќе се врши од 14 часот поради изведување градежни работи на магистралниот пат А4 делница Свети Николе - Штип.