Бизнис
28. October 2015 - 18:20

Утре почнува саемот „Купи куќа - купи стан“ во Скопје

Марјан Димовски 15 години живеел под кирија . Немал учество за сопствен дом. Но кога ги слушнал поволностите од проектот “ Купи Куќа, купи стан” – одлучил да си го реши станбеното прашање.  Ги повикува и останатите граѓани – да ги искористат поволностите, затоа што како што вели,  подобро е да плаќаш рата за сопствен дом отколку кирија за туѓ стан.

Повеќе од 680 семејства досега го решија станбеното прашање со помош на владиниот проект. На оние кои што ќе се решат за стан државата им покрива 50 отсто од учеството, додека за купувањето или изградбата на куќа 75 % .

Заинтересираните граѓани кои сакаат да добијат повеќе информации ќе можат да ги посетат штандовите на саемот “ Купи куќа купи” стан кој започнува утре во Сити мол а ќе трае до 1ви ноември. Повеќе од 20 градежници и банкари  на едно место ќе одговараат на прашањата, поврзани со поволностите за користење на владиниот проект. Најавени се и специјални попусти на станбениот квадрат.

Досега преку проектот се доделени субвенции од 4,3 милиони евра, а поединечно владината помош може да достигне до 14 000 евра.