Македонија
10. October 2016 - 11:08

Утре неработен ден - Ќе има ли сонце?

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи. Пообилни ќе бидат во западните и северозападните делови на земјава, каде наместа се очекува да наврнат  над 25 литри на метар квадратен воден талог.  Ќе дува умерен,  повремено засилен ветер од јужен правец, но повеќе ќе биде застапен во западните подрачја.
 
Минималната температура ќе се движи од 7 до 13 степени, а дневната од 15 до 20 степени.
 
Во Скопското подрачје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, но со променлив интензитет. Температурата ќе биде од 7 до 18 степени.
 
Утре ќе одмориме од работните обврски, но за жал времето нема да оди во наш прилог. Времето облачно со врнежи од дожд и грмотевици.