Loading Video...
Спорт плус
29. August 2019 - 17:03

Утре и задутре во салата „Парк“ во Скопје, традиционален турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“

 
Македонските одбојкари кои се подготвуваат за Европското првенство, утре и в сабота ќе бидат домаќини на меѓународниот турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“.
 
Турнирот кој традиционално се одржува, а ова е негово 43-то издание, и овојпат ќе биде помогнат од Агенцијата за млади и спорт.
 
Годинашното издание е во функција на националниот тим кој се подготвува за својот дебитантски настап на ЕП, а прв противник на нашите одбојкари ќе биде Украина. 
 
Натпреварот Македонија – Украина ќе започне од 17 часот, а во вториот меч од 20:15 часот ќе играат Белгија и Бугарија.
 
Ден подоцна и во зависност од резултатите, на програмата се дуелите за третото и првото место во истите термини (од 17:00 и 20:15 часот).
 
Натпреварите ќе се играат во салата „Парк“ во Скопје