Кошарка
6. August 2015 - 15:19

Утре и задутре во Охрид први контролни натпревари за македонските кошаркари

Кошаркарската репрезентација на Македонија која се подготвуваа за претстојното ЕП, заминува за Охрид, каде утре и задутре ќе ги одигра првите два контролни натпревари.

 
На турнирот во Охрид кој ќе се одржува во наредните три дена, љубителите на кошарката ќе може да ги следат „црвено-жолтите„ за симболична цена на влезниците од 100 денари. 
 
Првиот меч е закажан за утревечер од 20 часот и 15 минути, а противник ќе биде селекцијата на Израел. Во истиот термин (20:15 часот), во сабота Македонија ќе ги одмери силите со Украина, а во недела ќе се одигра мечот меѓу Израел и Украина, по што нашата селекција се враќа во Скопје, каде во вторник  предвиден е уште еден контролен натпревар против Израел, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 16 часот. 
 
Добра вест за стручниот штаб е конечното приклучување на Американецот со македонски пасош, Ричард Хендрикс, кој, сепак, ќе ги пропушти овие три средби со цел да ги стигне своите соиграчи во делот на физичката подготовка .