Утре е Света Петка, заштитничка на жените - на овој ден се случуваат чуда
Православните верници утре ја прославуваат света Петка или Црна света Петка, зошто луѓето веруваат дека оваа светица ги штити од разни несреќи, но и од многу болести.
Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.
Kултот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени петочни води. Петковден како домашна слава се празнува со служби посветени на св. Петка, а го празнуваат голем број македонски семејства.
Во Македонија култот кон света Петка особено бил раширен во Мариово. Населението верува дека св. Петка е заштитничка на луѓето, ги чува од суша, поплави, неплодност, громови и од многу други несреќи. Празникот Св. Петка повеќе го празнуваат жените.
Има уште два празника посветени на св. Петка – Преподобна маченичка Петка (Римјанка) која се слави на 8 август, и Преподобна маченичка Петка (Икониска), која се одбележува на 10 ноември. Денешната се нарекува и Црна света Пека бидејќи светицата секогаш била облечена во црно.
Според народните верувања на овој ден не смее да се перат алишта, да се шие или да се работат тешки работи, посебно не од страна на жените.
На Света Петка се случувале големи чуда. Многу болни оздравувале на овој ден. Затоа луѓето со здравствени проблеми го чекаат овој празник верувајќи дека светителката ќе им помогне.
Во црквите кои се посветени на оваа светица, доколку има извор, водата е лековита и верниците ја пијат за здравје.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација