Утре без вода неколку улици во Општина Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре без вода ќе останат неколку улици во Општина Аеродром поради планирани три интервенции.
Ќе се изведува водоводен приклучок ф-110 мм на „Стив Наумов“ 71, поради што прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Стив Наумов“ и дел од ул. „Пролет“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Поради дефект на огрлица ф-80 мм на „Прашка“ 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.„Прашка“ и дел од ул.„Париска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Како што стои во соопштението, поради дефект на затворач од Ф-80 мм на булевар „В.С.Бато“ 19 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул.„В.С.Бато“ од бр.1 до бр.51, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Ново на Сител
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
