Македонија
27. January 2016 - 17:36

Утре без вода дел од Кисела Вода

Во периодот од 10.00 часот па се до завршување на работата за водоводен приклучок утре без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев од бр.20 до бр.32, како и корисниците од улицата Петар Дељан.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот на снабдување со вода е поради изведување водоводен приклучок од Ф – 200 мм на улицата Христо Татарчев бр.21а во населбата Кисела Вода.