Македонија
20. December 2016 - 17:29

Утре без струја и вода делови од Скопје

Утре привремено ќе немаат струја дел од корисниците во општините Аеродорм, Карпош и Кисела Вода, а времен прекин на водоснабдување делови од општините Центар и Чаир, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје. 

Поради технички зафати во електро мрежата утре од 08:30 до 11 часот ќе немаат корисниците од дел од  ул. „Илија Димовски – Гоце“, во општина Аеродром, од 9 до 15 часот,  дел од ул. „Московска“ околу бр. 115. во општина Карпош, како и корисниците од  ул. „Огњан Прица“ од  бр. 1 до бр. 33, во општина Кисела Вода.

Според РЦУК, поради отстранување дефект на два затворача на водоводна мрежа на ул.„Мирослав Крлежа“ крстосница со „Орце Николов„, од 8 часот до завршување на интервенцијата,  вода ќе немаат корисници на ул. „Мирослав Крлежа“ и дел од улиците „Орце Николов“ и „Дебарца“ во општина  Центар. 

Поради изведување водоводен приклучок на ул. „Цветан Димов“ крстосница со „Кемал Ататурк“, од 09:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците  од улиците „Цветан Димов“, „Ордан Чопела“, „Панче Неделковски“ и „Кемал Ататурк“ во  општина Чаир.