Македонија
5. November 2015 - 14:53

Утре без струја дел од Долно Лисиче, Старата скопска чаршија и Шутка

Утре без електрична енергија ќе бидат жителите на три населби во Скопје, јави републичкиот Центар за управување со кризи.

Според известување од ЕВН Македонија, утре, во периодот од 08:45 до 15:30 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од село Долно Лисиче, кои се лоцирани кон село Јурумлери.

Без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од Старата скопска чаршија во периодот од 09 до 14:30 часот и корисниците од улиците „Метохиска“, „Индира Ганди“ и „Гвадалахара“, во општина Шуто Оризари, во периодот од 09:30 до 15:00 часот.