Усвоена програмата за одбележување ,,1000 години Охридска Архиепископија‘‘
1000 годишнината од формирањето на Охридската архиепископија е црковен и духовен настан кој го обединува нашиот народ. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Сотировски упати повик до сите братски балкански народи да дојдат во Охрид и да присуствуваат на централната свеченост. И покрај тоа што од страна на МПЦ упатени се покани и до патријархот на бугарската православна црква и до претседателот на Бугарија сеуште не се знае дали ќе присуствуваат на милениумскиот јубилеј во катедралната црква Света Софија .
Градоначалникот Стојаноски посочи дека е гордост и обврска чествување да помине достоинствено и во духот на универзалните хуманистички вредности.
На 27 мај ќе настапи и камерниот оркестар на македонската филхармонија во придружба на хоровите од манастирот Рајчица и Свети Јован Бигорски .
Со низа активности и настани од различен карактер од месец мај до декември годинава ќе се одбележува еден милениум од постоењето на Охридската Архиепископија .
Централната свеченост започнува на 27 мај во црквата Света Софија со академија под покровителство на претседателот Иванов потоа следниот ден на 28 мај е литургиското чествување на кое ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ во сослужение на членовите на светиот архиерејски синод.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар