Македонија
20. August 2019 - 19:44

Усвоена Информацијата за потребата од зголемување на бројот на државните правобранители

Владата на денешната 150.седница ја усвои Информацијата за потребата од зголемување на бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Во рамки на седницата се усвоени повеќе точки од различни области.