Уште едно дете со дијабетес упатено на Детската клиника
Дете на возраст од шест години со возило на Итна медицинска помош од Охрид е упатено на Клиниката за детски болести во Скопје, изјави за МИА директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), д-р Ирина Сотирова Бухова.
- Детето е во многу полесна состојба, свесно, контактибилно, значи не е тешка клиничка состојба како што беше 14-годишното девојчето на КАРИЛ, рече Сотирова Бухова.
Од Детската клиника потврдија дека очекуваат во секој момент детето да биде донесено кај нив.
Станува збор за четврти случај на дете со дијабетес донесено на Клиниката за детски болести за само една недела.
Изминатите денови на Клиниката било донесено 14-годишно дете од Охрид во тешка здравствена состојба, кое поради сериозноста на здравствената состојба потоа е упатено на КАРИЛ, а биле примени и деветгодишно од Гевгелија и тригодишно дете од Свети Николе кое сега е пуштено дома.
Ново на Сител
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ