Loading Video...
Фудбал
15. October 2020 - 14:14

Уште еднаш покажавме дека македонските фудбалери имаат карактер

Македонската фудбалска репрезентацијана со нерешен резултат против Грузија го заокружи октомврискиот настап. 
 
Целта е остварена, ќе играме финале за пласман на Европско, а и натаму остануваме и лидери во групата во новата сезона во Лигата на нациите. 
 
Двата натпревари од 4.коло во Ц-2 групата Македонија - Грузија и Естонија – Ерменија завршија со идентичен резултат 1:1, по што нашите фудбалери остануваат на врвот на табелата со шест бодови колку што имаат и Грузијците, додека Ерменија има еден помалку, а Естонија само 2 бода. 
 
Иако против Грузијците избраниците на селекторот Игор Ангеловски се најдоа во незавидна ситуација, по исклучувањето на голманот Столе Димитриевски во 68-минута, односно водството на гостите во 75-минута, сепак нашите фудбалери не се откажаа. 
 
Напротив. Покажаа карактер како и на мечот против Естонија, па благодарение на голот од пенал на Алиоски во последната минута, Македонија остана непоразена. 
 
- Не е лесно да се играат три меча за седум дена. Важно е дека ги остваривме двете цели, го победивме Косово, и сеуште сме први во групата во новиот циклус. По којзнае кој пат, покажавме карактер и само едно големо браво за сите. Овој натпревар покажа дека Македонија никогаш не се предава, без разлика што имавме и со играч помалку. сме први, изјави меѓу другото селекторот Ангеловски по натпреварот. 
Сега следува едномесечна пауза, а веќе на 12 ноември во Тбилиси, нашите фудбалери ќе го играат и најважниот натпревар во историјата за мак-0фудбалот. Финалниот бараж дуел против синоќешниот противник Грузија, во кој оваа македонската репрезентација ќе се обиде за прв пат во историјата да обезбеди пласман на завршницата на Европското првенство. 
 
По дуелот со Грузија, ќе следуваат и последните два натпревари во групната фаза од Лигата на нациите, против Естонија (15 ноември) и Ерменија (18 ноември), по кој исто така очекувањата се црвено-жолтите да ја сочуваат првата позиција во групата.