Балкан
19. January 2017 - 13:19

Уште една жртва од грипот во Хрватска

Грипот однесе уште една жртва и тоа во Ријека, пишува Novi list. Се работи за личност постара од 65 години која имала малигни заболувања и не била вакцинирана против грип. Вакцинирањето е бесплатно и се препорачува за луѓе над 65 години.

 Ова е трета забележана смрт со последици од грип во Хрватска оваа година.

 Бројот на заболени од грип во Хрватска е во пораст за 8.747 нови случаеви а вкупно 16.900 оваа сезона. 

Епидемиолозите предупредуваат дека грипот се уште не го достигнал врвот и дека допрва следи зголемуванје на заболени од грип.